речник контакт

Промоција на книга песни на `Ртовска

,, Воздишки на срцето,, претставена пред велешката публика

Петар Печков

Во Ликовниот салон  во Велес беше промовирана стихозбирката ,,Воздишки на срцето,, на младата велешка поетеса Марија `Ртовска.  

Марија во нејзините млади денови, настојува да го даде најемотивното од  себе. Тоа е извор кој не пресушува. Таа го чува моминството со сила и љубов , со препознавање на луѓето. Нејзините чувства избликнуваат  како вулкан,  во волшебни воздишки од срцето – изјави промоторот Божидар Јовиќ.  

И честитам на храброста да излезе во јавноста, со нејзините чувства, да го склопи во книга., И посакувам да продолжи да твори, еден ден да не удостои со роман да продолжи да чекори по патот кој го зацртала и  натамошни успеси во творештвото – рече Лила Арсова, претседател на локалниот клуб ан писатели ,,Кочо Рацин,,.

 Инспирацијата за оваа нејзина книга била љубовта.

Во овие младешки години, љубовта преовладува  кај младите луѓе за ова мое второ дело.   Да се сака, да се љуби и да се биде позитивен е опеано во стихови. Ја подготвував две години и еве ја пред јавноста – рече Марија  

`Ртовска, студент на Медицински факултет во Штип. Таа е член на   подмладокот на Клубот на писатели Кочо Солев Рацин.   Книгата е отпечатена од ,,Дата песнопој,, од Битола, каде авторката конкурирала и  добила награда печатење на стихозбирката.  Нејзината прва книга песни е ,,Кога љубовта повикува,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »